Фудбалерите на Јувентус утре ќе се сретнат Сасуоло во новата рунда во Серија „А“. Нивниот тренер, Масимилијано Алегри, повикува на претпазливост иако „старата дама“ е фаворит на хартија.
„Минатиот пат немавме добра вечер против Сасуоло. Тоа е тим со одлични технички квалитети на поединечни играчи“ – вели Алегри.
„Не треба да се опседнуваме со идејата да ја освоиме титулата. Помина првата полусезона, сега да видиме колку бодови ќе освоиме во вториот дел“ – потенцираше тренерот на Јувентус.

