Њукасл нема да успее во намерата да го обезбеди играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих иако Англичаните испратиле понуда до Баварците, тврди – „Билд“.
Кимих сака да продолжи да се бори за трофеи а Њукасл не е меѓу неговите желби. 28-годишниот фудбалер има договор со Баерн до 2025 година.
Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед, исто така ја следат ситуацијата и ќе се обидат да го ангажираат.

