Скот Мектоминеј го пофали тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг и покрај тоа што Холанѓанецот е подготвен да се раздели со него во текот на летото.
„Менаџерот бара многу од играчите.Тој има многу високи стандарди кои ги поставува на целиот тим што мислам дека е фантастично“ – изјави Мектоминeј.
„Тој е неверојатен тренер со големо тактичко знаење. Некои од работите што ги кажува се брилијантни“ – додаде Шкотланѓанецот.

