Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, вели дека нема никакви забелешки за играчите по вчерашната елиминација од Атлетико Мадрид во Купот на Шпанија.
„Не можам да кажам ништо за фудбалерите. Не ги коментирам индивидуалните грешки. Мислам дека не требаше да загубиме“ – вели Италијанецот.
„Имавме одредена контрола на мечот. Не требаше да им дозволиме лесни напади. Сега треба да размислуваме за наредните мечеви“ – потенцираше Анчелоти.
