Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, смета дека судиите во Италија оваа сезона се под нивото потребно за судење во вакво натпреварување.
„Слабоста на судиите оваа сезона им е очигледна на сите – не само во однос на Наполи, туку и на сите останати тимови. Всушност, пред натпреварот седев со шефот на судискиот комитет Џанлука Роки и се прашував со каков срам ќе се соочи следниот пат. Овој меч требаше да го искористиме за промовирање на италијанскиот фудбал, но се беше уништено со оној непотребен црвен картон. На крајот на краиштата, сите картони важат и во Серија А, така што овој Суперкуп меч кој има многу мало значење, на крајот ги поткопува нашите вистински цели за сезоната“, изјави Де Лаурентис.

