Баерн Минхен упати нова понуда до англискиот Њукасл за трансфер на фудбалерот, Киеран Трипие. Тоа значи дека преговорите продолжуваат а германската страна чека одговор од англичаните.
Претходно беше објавено дека 33-годишниот фудбалер ги договорил личните услови со тимот од Минхен.
Дефанзивецот во сезонава одигра 28 натпревари во сите турнир на кои направи осум асистенции. Неговата трансферна вредност се проценува на околу 11 милиони евра.

