Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, ги повика фудбалерите да останат сконцентрирани пред денешниот четвртфинален дуел со Атлетик Билбао во Купот на Шпанија.
Баскијците се во одлична форма и заостануваат само три бода зад Барселона на табелата во Ла Лига откако победија на шест од последните седум натпревари
„Мечот е многу значаен и мораме да бидеме целосно фокусирани. Атлетик е агресивен тим и ќе не притисне. Имаат одличен тренер и играчи кои се во одлична форма. Тоа се Нико Вилијамс, Сансет и Де Галарета“ – вели Чави.

