Повеќе првотимци на Манчестер Јунајтед учествуваа на синоќешниот натпревар против Барнли во клупската база на „црвените ѓаволи“ во Карингтон.
Натпреварот се играше зад затворени врати и беше организиран главно за играчите кои се враќаат по процес на рехабилитација – Хари Мегваер, Лук Шо, Лисандро Мартинез, Касемиро, Амад Диало и Ентони. Сите беа на теренот од 45 до 60 минути.
Манчестер Јунајтед в недела го чека натпревар од четвртото коло на ФА Купот против Њупорт Каунти.

