Левиот бек на Барселона, Балде, го чека долга пауза од фудбалските терени. Деталните прегледи покажале дека станува збор за сериозна повреда на десната нога.
Тој ќе мора да замине на операција по што ќе паузира најмалку четири месеци. Тоа значи дека одличниот дефанзивец практично ја заврши сезоната.
Барса претходно остана и без младиот Гави, кој се повреди при настап за „црвената фурија“.