Тенисерот, Новак Ѓоковиќ, не успеа да влезе во финалето на првиот сезонски Грен Слем турнир на терените во Австралија. Србинот денеска загуби од Италијанецот Јаник Синер со 3 спрема 1.
„Пред се, сакам да му честитам на Синер за одличниот турнир и сосема заслужено е во финалето бидејќи ме надигра. Јас сум шокиран од моето ниво, ништо не одиграв како што треба“ – изјави првиот светски рекет.
„Не сум навикнат на такво чувство, никогаш не сум загубил тука во полуфинале. На овој турнир не бев на моето ниво“ – потенцираше Ѓоковиќ.