Италијанскиот тенисер, Јаник Синер и Русинот, Данил Медведев, ќе се борат за победничкиот пехар на првиот годинашен Грен Слем на терените во Австралија.
Италијанецот го елиминираше големиот фаворит Србинот, Новак Ѓоковиќ во четири сета додека третиот тенисер на АТП листата, Медведев, беше подобар од Германецот, Александар Зверев.
Финалето на Австралија Опен меѓу Синер и Медведев е закажано в недела во 9:30 часот по наше време.

