Стефано Пиоли беше многу разочаран од пропуштената победа против Болоња синоќа. Тренерот на Милан на прес-конференцијата потенцираше дека „росонерите“ мораше да ја задржат предноста од 2:1 и да не дозволат Болоња да добие пенал.
„Останува големо жалење што не го добивме натпреварот“, рече Пиоли. „Вистина е дека имаше два промашени пенали, имавме многу шанси и дозволивме Болоња да постигне два гола. Не смееме да дозволиме концентрација и интензитетот во одбраната да падне на толку ниско ниво. Штета е затоа што се боревме напорно“, вели Пиоли.

