Фудбалерот на Рома, Брајан Кристанте, вели дека доаѓањето на клупата на Даниеле Де Роси крајно позитивно се одрази на ситуацијата во клубот. „Римската волчица“ успеа да ја прекине лошата серија и да врзе две победи против Верона и Салернитана.
„ Жал ми е за Мурињо но, таков е фудбалот. Тренерите секогаш ја плаќаат цената поради лошите резултати“– вели Брајан.
„Де Роси донесе нови идеи и тие се навистина добри. Победите ќе ни донесат самодоверба“ – изјави фудбалерот на Рома.

