Фудбалерот на Јувентус, Тимоти Веа, ја одби понудата да премине на позајмица во екипата на Евертон.
Американецот во текот на летото го напушти францускиот Лил и за 11 милиони евра се пресели кај „старата дама“. Сепак, серијата на повредите го остави надвор од конкуренција и не ја добива посакуваната минутажа.
Веа за екипата од Торино одигра 19 натпревари на кои постигна 1 гол и 1 асистенција.

