Лацио започна преговори со италијанскиот голман Иван Проведел за продолжување на договорот. Римскиот клуб сака да го продолжи договорот со 29-годишниот голман до 2028 година со што ќе го амортизира интересот кој за него го има од Манчестер Јунајтед.
Претходно, голманот беше прогласен за најдобар фудбалер на Лацио за 2023 година. Во септември 2022 година, тој беше повикан и во репрезентацијата на Италија, но досега не одигра ниту еден натпревар.
Проведел оваа сезона одигра 29 натпревари за Лацио на кои прими 30 гола.

