Селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Роберто Манчини, се извини за неспортскиот потег кога замина во соблекувалната пред да заврши пенал-рулетот против Јужна Кореја во осминафиналето на Азиското првенство.
„Се извинувам, мислев дека е завршено. Многу сум тажен откако примивме гол во последната минута и загубивме на пенали“ – вели Италијанецот.
Неговата селекција беше елиминирана по пенал-серијата со 4-2.

