Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Алегри: „Мечот со Интер нема да биде решавачки за титулата“
    Фудбал

    Алегри: „Мечот со Интер нема да биде решавачки за титулата“

    risteBy riste03/02/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека неделното дерби со Интер за врвот во Серија А „не е одлучувачко за титулата“.

    „Шампионатот не завршува во недела. Има уште многу натпревари, овој не е решавачки, му дава само три бода на победникот“, изјави Алегри на својата прес-конференција и додаде:

    „Ова е добар натпревар, мораме да го искористиме максимумот и да го играме со нашите најдобри оружја, знаејќи дека против нас имаме добар тим кој прави одлични работи, како што тоа го прави редовно од почетокот на сезоната.

    Алегри повтори дека, според него, „Интер е најсилниот тим во првенството и фаворит за титулата. Повторно порача дека целта на Јувентус е да заврши во Топ 4 и да се пласира во Лигата на шампионите.

    „Овој натпревар е важен, но има и други после тоа. Треба да освоиме уште многу бодови за да ја достигнеме нашата цел и да учествуваме во Лигата на шампионите“, изјави тренерот на Јувентус.

    За ова 251. издание на италијанското дерби, Алегри на располагање ги има сите свои играчи, вклучувајќи ги Федерико Киеза и Адриен Рабиот кои ги пропуштија последните натпревари.

    „Рабио е многу важен играч кој има влијание врз нашата игра и во соблекувалната“, додаде Алегри, кој призна дека е импресиониран од уште еден француски репрезентативец – напаѓачот на Интер, Маркус Турам.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.