Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Рудигер ќе стартува во дербито од 23. коло во Ла Лига против Атлетико Мадрид, и покрај сомнежите дека можеби нема да биде во тимот.
Германскиот дефанзивец успешно ги помина медицинските тестови неколку часа пред мечот и така Карло Анчелоти доби дозвола од лекарите да го искористи на мечот против Атлетико Мадрид.
Рудигер доживеа повреда на коленото во победата од 2:0 на градското дерби против Хетафе и беше принуден да го напушти теренот. Мадридското дерби на „Сантијаго Бернабеу“ е вечерва со почеток во 21:00 часот.

