Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс постави антирекорд во Премиер лигата по бројот на порази. Како предводник на тим во најсилната фудбалска лига во Англија, Мојс загуби 239 натпревари.
Вест Хем предводен од Мојс беше поразен од Манчестер Јунајтед (0:3) во натпревар од 23. коло на Премиер лигата. Тоа беше 239. загубен натпревар во англиското првенство на менаџерската кариера на Мојс. Ниту еден друг менаџер во историјата на лигата нема претрпено повеќе порази.
Мојс, исто така, никогаш не го победил Манчестер Јунајтед на гостински терен како менаџер – на 17 натпревари на гости против Манчестер Јунајтед, неговите тимови имаат 13 порази и четири пати ремизирале.

