Попладнево во Париз ќе се одржи ждрепката за четвртото издание на Лигата на нации на УЕФА. Во 18 часот по Конгресот на Европската фудбалска унија (УЕФА), репрезентациите ќе ги очекуваат своите ривали во новите групи во четирите сегменти од ова репрезентативно натпреварување.
Македонија се наоѓа во Лига „Ц“ делот каде бевме и во минатото издание на ова натпреварување.
Можни ривали на Македонија ќе бидат селекциите кои се сместени во останатите три шешири:
Прв шешир: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
Втор шешир: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови
Трет шешир: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар
Четврти шешир: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија
Овогодинешната Лига на нации започнува на 5 септември и ќе трае до 19 ноември.