Букајо Сака, кој поради повреда беше заменет во дербито на Ливерпул, е добро и ќе му биде на располагање на Микел Артета за гостување кај Вест Хем во недела. Ова го соопшти менаџерот на Арсенал на денешната прес-конференција.
„Сака се опорави оваа недела и изгледа добро. Томас Парти сè уште не е достапен. Неговиот напредок е добар, но се уште е рано да се каже кога ќе се врати. Нема нови информации за Габриел Жесус“ изјави Артета.
Артета изрази задоволство што неговиот тим постигна вкупно 10 гола во последните три натпревари.
„Играме со се повеќе агресивност и постигнуваме голови. Многу е важно да имаме различни стрелци кои ги делат головите, особено ако се има предвид дека изгубивме неколку клучни играчи во долги делови од сезоната. Сепак, сè уште сме многу конкурентни. Денеска ми кажаа за овие реакции. Не знаев ништо. Сакам да славам бидејќи видов како гостински менаџери на „Емирати“ клекнуваат на колена, како и менаџери кои шетаат низ теренот. Ова носи страст и емоции во играта. Ова е мое мислење, но луѓето можат да имаат поинакво мислење. Однесувајте се како што ви одговара. Многу е тешко да се победи во оваа лига. За нас натпреварот против Ливерпул беше голем, што се гледаше и од атмосферата на стадионот. Беше одличен ден“, рече Артета по критиките за неговата реакција откако го победи Ливерпул.

