Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, проговори за иднината на Тони Крос. Италијанскиот стручњак јасно стави до знаење дека Германецот во таборот на Лос Бланкос сам ќе донесе одлука дали ќе остане во клубот.
„Само тој одлучува. Тоа е до Тони. Тој ќе донесе одлука во вистинско време и на најдобар начин, сигурен сум“ – рекол Анчелоти.
Крос се активираше во Реал Мадрид во 2014 година. Досега има 21 трофеј од кој четири од Лигата на шампионите . Договорот на играчот со мадридскиот клуб е валиден до крајот на јуни.
