Познатиот новинар, Фабрицио Романо, наведе дека Ханси Флик, има желба да го наследи Чави Ернандез кој најави дека сака да ја напушти клупата на Барселона на крајот на сезоната.
Ќе потсетиме дека неодамна се појави вест дека Флик кој работеше како селектор на германската репрезентација и тренер на Баерн Минхен, започнал да учи шпански.
Барселона моментално се наоѓа на третото место на табелата во Примера Дивизион. Каталонците имаат осум бодови помалку од водечкиот Реал Мадрид.

