Кајл Кузма не сакал да го напушти Вашингтон и да замине во екипата на Далас. Според најавите од САД, кошаркарот ја одбил понудата и изјавил дека сака да остане за да му помогне на тимот во трката за титулата.
Најдобриот стрелец на „Визард“,откри дека за евентуален „трејд“ разговарал со претседателот на клубот.
„Мајкл Вингер ми ја покажа понудата, очигледно не сакајќи да донесам одлука, ме пушти тоа да го направам. Јас му реков дека сакам да останам и да му помогнам на тимот да продолжи да се гради“ – изјави Кузма за „The Athletic“.

