Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја коментираше победата на неговиот тим во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите 2023/2024 со РБ Лајпциг. Тренерот призна дека натпреварот можеше да заврши нерешено, па ја истакна важноста од победа, иако е минимална. Тој исто така истакна дека прашањето за победникот на двомечот се уште е отворено – се ќе биде решено на реваншот на 6 март.
„Натпреварот се покажа тежок, очекувано. Можевме да победиме повеќе, но можеше да биде и нерешено. Се враќаме дома среќни. Реал Мадрид оствари блага предност на гостувањето каде тешко се постигнува позитивен резултат. Иако имаме мала предност, отворено е прашањето за победникот од пресметката. Среќни сме од тоа како заврши првиот натпревар“, изјавил Анчелоти по натпреварот во Лајпциг.
Реал Мадрид во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите одигран синоќа славеше со 1:0 и со овој резултат ќе го чека реваншот.

