Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги сподели своите впечатоци по осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Копенхаген (3:1).
„Одигравме многу добар натпревар. Одлично е што игравме во такво темпо, беше одлично. Бевме трпеливи во вистински моменти. Повторно сум горд на мојот тим, но се уште не е готово. Третиот гол ни помогна многу и се надевам дека ќе ја завршиме работата пред нашите навивачи и ќе се пласираме во следната рунда.
Денеска главна задача беше да не се загубат шансите за пласман во следната рунда. Примивме гол кој можеше да се избегне, но понекогаш се случуваат овие работи. Добро реагиравме на примениот гол и го постигнавме вториот гол пред паузата. Знам што се случи овде со Баерн и Манчестер Јунајтед. Натпреварите со Копенхаген можат да бидат многу тешки и интензивни, поради што поставивме толку високо темпо“, изјави Гвардиола по мечот во Копенхаген кој заврши со победа на Манчестер Сити од 3:1.

