Билјана Кузмановска, селектор на нашата репрезентација во мечување, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека е задоволна како одвиваат настаните посебно од натпреварувачки аспект.
„Ме радува што на неодамнешното првенство во млади категории се појавија нови екипи. Воедно сум задоволна што се зголемува бројот на девојчиња што се активираат во мечувањето. За да имаме квалитетни натпреварувачи, дефинитивно ни треба спортска сала. Сега не можеме да монтираме посебна писта пред секој тренинг, тоа ни претставува проблем“ – вели Кузмановска.
„Мораме да бидеме задоволни од нашите млади и талентирани мечувалци кои допрва треба да ги покажат нивните квалитети и во сениорска конкуренција. Пример, нашиот најдобар кадетски репрезентативец се наоѓа на 101 место на светската ранг листа во навистина силна конкуренција. Во наредните денови засилено ќе се подготвуваме за Европското првенство за кадети и јуниори кое ќе биде реализирано од 21 до 28 февруари во Италија. Таму наш најголем адут ќе биде Петар Србиновски“ – нагласи Билјана Кузмановска во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.