Португалскиот фудбалер Жоао Кансело сака и следната сезона да игра за Барселона, бидејќи не планира да се врати во Манчестер Сити, пренесува британски „Сан“.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити, но до крајот на сезоната игра како позајмен во Барселона. Моментално е еден од најдобрите играчи во каталонскиот клуб.
Британските медиуми пренесуваат дека португалскиот фудбалер е задоволен од статусот во Барселона и сака да игра за каталонскиот клуб и следната сезона. Сепак, Манчестер Сити планира на крајот на сезоната да го врати Кансело во Англија, а потоа да го продаде.

