Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе се огласи по резултатите од осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите со шпанскиот Реал Сосиедад. Да потсетиме, парижаните оваа средба ја добија со резултат 2:0, а Мбапе го постигна првиот гол.
„Во првото полувреме беше тешко да се излезе од притисокот. Ние како играчи можевме да направиме малку подобро индивидуално. Но, ова е дел од нашата обука. Во вториот дел бевме посигурни и знаевме што сакаме да направиме. Успеавме да постигнеме голови во клучните моменти од натпреварот. Среќни сме со овој прв чекор, имаме важна предност, но има уште многу работа“ изјави Мбапе.
Реваншот меѓу ПСЖ и Реал Сосиедад од 1/8 финалето од Лигата на шампионите ќе се одигра во Сан Себастијан на 5 март.

