Голгетерот на Аталанта, Луис Мјуриел, кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата во екипата на Орландо Сити. Договорот ќе му биде 2+1 година а во новиот тим ќе го носи дресот со број 9.
Муриел пристигна во Бергамо во летото во 2019 година и одигра вкупно 184 натпревари со 68 голови и 28 асистенции. Колумбиецот го држи рекордот за најмногу постигнати голови од играч кој доаѓа од клупата.
„Многу сум возбуден и среќен. Видов дека доаѓам во клуб кој сака да освојува трофеи“ изјави 32-годишниот фудбалер.

