Играчот од средниот ред на Милан, Рубен Лофтус-Чик, кој постигна два гола на вчерашниот меч со Рен во Лига Европа, вели дека му се допаѓа новата улога на теренот.
„Имав различни улоги во средниот ред но, ми се допаѓа сегашнава кога сум поблиску до голот“ – вели Англичанецот.
„Имав многу проблеми со повреди во последниве месеци но, сега сум подобар“ – потенцираше фудбалерот на Милан.

