Јирген Клинсман повеќе не е селектор на Јужна Кореја. Германската легенда доби отказ по состанокот на Јужнокорејската фудбалска асоцијација, која се обедини околу ставот дека елиминацијата од полуфиналето на Азискиот куп против Јордан не беше доволно добар настап на тимот.
Техничкиот директор на федерацијата, Хуанг Кван, за медиумите изјави дека има „повеќе причини“ зошто Клинсман добил отказ, меѓу кои и сомнежите на раководството за неговата способност да го води овој тим.