Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа се уште е без клуб, но информациите велат дека тој во моментов бара ангажман само во Шпанија. Де Хеа по заминувањето од „Олд Трафорд“ имаше понуди од Премиер лигата и Саудиска Арабија, но реши да ги одбие.
Тој цврсто е решен кариерата да ја продолжи во Ла Лига и чека понуда од некој од клубовите во оваа лига, пишуваат англиските медиуми. Де Геа наводно се надева дека неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид ќе го покани да им се приклучи следната сезона.

