Баерн Минхен ќе се обиде да ја ангажира ѕвездата на Милан, Тео Ернандез како замена за Алфонсо Дејвис, доколку Канаѓанецот си замине на лето, тврди Билд. Баварците веќе подолго време го следат 26-годишниот Французин, кој важи за најдобар лев бек во светот.
Неговиот трансфер на „Алијанц Арена“ сигурно нема да биде евтин, но газдите на германскиот клуб ќе направат обид да го купат. Ова ќе се случи доколку Дејвис одбие да го продолжи договорот и биде продаден на лето.