Централниот бек на Реал (М) Едер Милитао е блиску до враќање на терените за Реал Мадрид. Бразилецот на почетокот на сезоната заработи тешка повреда која го извади од терените подолг период.
Медиумите во Шпанија велат дека закрепнувањето на дефанзивецот се одвива според планот и од следната недела тој ќе тренира заедно со соиграчите.
Вестите се многу добри за Карло Анчелоти, кој е принуден да ги користи Чуамени и Карвахал во срцето на одбраната.

