Хавиер Тебас проценува дека аферата Негреира е најлошиот настан во историјата на шпанскиот фудбал.
Да потсетиме дека поранешниот потпретседател на техничкиот комитет на судии (CTA) на Кралската шпанска фудбалска федерација (RFEF), Хозе Марија Негреира беше обвинет за поткуп откако судот ја разгледа исплатата на 7,7 милиони евра од Барселона од 2001 година до 2008 година а во целиот случај беа вмешани и поранешните каталонски претседатели, Хосеп Бартоме, Сандро Росел.
„Ова е најлошото што било и ќе биде во историјата на шпанскиот фудбал – неверојатно е што клубот толку години го плаќал потпретседателот на судиите“ – вели Тебас.