Нашата Лина Ѓорческа со пласманот во четвртфиналето на собирот во Анаталија, Турција, успеа да напредува на новата ВТА листа на најдобрите тенисерки на светов.
Таа со новите 9 поени има вкупно 319 што беше доволно да напредува за четири позиции и да го обезбеди 235.то место. Таа успеа да отиде чекор понапред и во конкуренција на двојки односно има скок за едно место – 373 со истиот број на поени – 226.
Што се однесува до Магдалена Стоилковска, таа се спушти за една позиција и се наоѓа на 1212 -то место со 9 поени.

