Во пресрет на денешната пресметка со Интер, тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, зборуваше и за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој годинава игра извонредна сезона во дресот на „нероаѕурите“.
„Кога младите играчи напредуваат како Лаутаро Мартинез, не можам, а да не им се восхитувам. Лаутаро е играчот кој можеше да игра за нас, но избра поинаков пат. На крајот на краиштата, тој е одличен фудбалер и тоа го докажува. Не се жалам, бидејќи тој избра поинаков пат во кариерата, среќен сум поради него, бидејќи е Аргентинец“, изјави Симеоне.

