Срѓан Захариевски ќе го наследи црногорскиот стратег, Милјан Радовиќ, на клупата на Воска Спорт.
Охридскиот состав се определи за таков потег веднаш по поразот на теренот на Шкупи на стартот на пролетниот дел во прволигашката фудбалска конкуренција.
Захариевски кој претходно седеше на кормилото на Пелистер, Металург и Струга ТЛ, со новиот состав го очекува тешка битка за опстанок во елитата кај нас.

