Манчестер Сити доцна синоќа славеше против Брентфорд со минимални 1-0 во одложениот меч од 18 коло во фудбалската Премиер-лига по што се врати на второто место на табелата.
Мечот на стадионот – „Етихад“ го реши норвешкиот голгетер, Ерлин Халанд. Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гаврдиола, вели дека очекувал тешка пресметка со тимот што го предводи Томас Франк.
„Имавме многу шанси за гол иако е тешко да се игра против нив. Настапот на тимот беше навистина добар и јас сум задоволен од резултатот“ – изјави Гвардиола.

