Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, не го заврши мечот против Тиаго Монтеиро на турнирот во Рио.
Тој во вториот сет го повреди зглобот по што беше направена пауза за да влезе лекарскиот тим. Веднаш потоа Алкараз одигра уште два гема и се повлече.
По мечот тој објасни дека неговото одбивање да продолжи било мерка на претпазливост иако лекарите рекле дека повредата не е „сериозна“.