Вториот најбогат човек во Британија, Џим Ретклиф, кој деновиве влезе во управувачкиот дел на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, вели дека „црвените ѓаволи“ се пореномиран состав од лондонските клубови.
Тој пред две години се обиде да го купи тимот на Челзи но, не успеа во намерата. Затоа се насочи кон „црвените ѓаволи“.
.„Поминавме многу време размислувајќи дали навистина сакаме да го направиме тоа [да го купиме Челзи].Не можете да ги споредувате Челзи и Манчестер Јунајтед“ – рече Ретклиф.