Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го собори рекордот на Финецот, Сами Хипија за најмногу голови што ги постигнал еден дефанзивец на стадионот – „Енфилд“.
Холанѓанецот погоди на вчерашниот меч со Лутон во Премиер-лигата со што дојде до бројката од 12 голови пред домашните навивачи.
Ван Дајк кој дојде во 2018 година во таборот на „црвените“, има 18 голови во Премиер лигата. Тоа е своевиден рекорд бидејќи ниту еден друг дефанзивец нема толку голови во тој временски распон.