Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, вторпат по ред ја доби наградата за најдобар играч во Јужна Америка. Бразилецот минатата сезона постигна 23 гола и му помогна на својот клуб да го освои Купот на Кралот и Светското клупско првенство.
„Оваа награда е многу важна за мене бидејќи работам секој ден да го покажам најдобриот резултат и да му помогнам на тимот. Клубот ми помага да освојувам индивидуални награди и морам да им се заблагодарам и на моите соиграчи. Сакам да продолжам во истиот дух да освојувам уште повеќе трофеи. Чест ми е што сум на оваа листа заедно со толку многу фудбалски легенди. Сакам да продолжам да работам напорно за да продолжам да победувам и моето име да биде запишано во историјата на овој клуб. Задоволен сум со се што правам оваа сезона и се надевам дека ќе продолжиме вака и ќе освојуваме трофеи за Реал Мадрид“, рече Винисиус на церемонијата при доделувањето на наградата.

