Фудбалерите на Ливерпул и на Челзи в недела на легендарниот стадион – „Вембли“ ќе го одиграат финалето во Лига Купот на Англија.
Откако тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, изјави дека неговиот тим не е фаворит за освојување на пехарот, веднаш реагираше неговиот колега на клупата на „сините“, Маурисио Покетино.
„Секако, ако кажат дека не се фаворити, тогаш ќе кажеме дека и ние не сме фаворити. Навистина, во неговите осум години во клубот тие имаат искуство. За многу наши играчи ова е прво финале во кариерата“ – вели Аргентинецот.

