Напаѓачот на Бордо, Алберт Елис, е ставен во индуцирана кома по повредата на главата добиена во победата од 1:0 против тимот од Лига 2, Гингамп, соопштија медиумите од Бордо.
Фудбалерот бил свесен кога бил пренесен во болница. Елис има фрактура на коската на лицето, а по првите лекарски прегледи стана јасно дека сериозноста на повредата ги принудила лекарите да го стават играчот во кома.
Покрај него се родителите на фудбалерот кои беа во Бордо на натпреварот. Во оваа сезона Елис одигра 20 натпревари на кои постигна 5 гола и 2 асистенции. Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе му изрази поддршка на играчот на Бордо. „Сите мои мисли се со тебе“, напиша 25-годишниот фудбалер на социјалните мрежи

