Италијанскиот прволигаш Сасуоло го отпушти тренерот Алесио Диониси.
Сасуоло на својата официјална веб-страница го објави отказот на Диониси, по последниот неуспех во Серија А и поразот од Емполи (2:3) на домашен терен.
Клубот одлучи негова замена да биде Емилијано Биџика, кој досега ги предводеше младинците на Сасуоло.
Тимот нема победа 6 натпревари по ред и се наоѓа на 17. место во Серија А со 20 бодови.

