Македонската репрезентација во традиционално карате оствари огромен успех на ИТКФ/ЈКА Европскиот куп во Крушевац, Србија освојуваќи вкупно 21 медал (8 златни, 3 сребрени и 10 бронзени медали).
Најуспешна наша натпреварувачка беше Камелија Недев, која освои 6 златни и 1 сребрен медал во поединечна и екипна конкуренција. Први места освоија: во кадетска конкуренција Камелија Недев и Матеј Мангаровски во енбу, Камелија Недев освои златни медали во кати, џиу ипон кумите поединечно како и две први места во ката тим и џиу ипон кумите тим заедно со Софија Јарчевска, Срна Вапски и Ива Спасеновска.
Во јуниорска конкуренција Камелија Недев, Ива Ромевска и Матеј Мангаровски освоија сребрен медал во ката тим. Филип Недев освои прво место во кати за деца, Лука Крстевски, Дамјан Трајковски и Александар Зафировски освоија прво место во џиу ипон кумите тим за деца. Ката тимот Филип Недев, Ѓорѓи Кокорманов и Војдан Паламидовски освои второ место а трети во ката тим освоија Максим Поп Трпев, Димитар Дангов и Марко Илиевски. Ива Ромевска во јуниорска конкуренција освои второ место во кого кумите. Најмладиот напреварувач Тадеј Недев освои две трети места во ката и кихон за деца 5-6 години.