Легендарниот англиски фудбалер, Гери Невил, го нарече Јирген Клоп еден од најдобрите тренери во историјата на Премиер лигата.
Германецот со неговиот Ливерпул во текот на викендот успеа да го освои победничкиот пехар во англискиот Лига Куп откако беше совладан Челзи во продолженијата (1:0).
„Специјалните менаџери прават посебни работи и тој е еден од најдобрите што некогаш ги видела Премиер лигата. Тренер чудовиште, чиј тим во средна или лесна категорија победува како тешкаш. Сето тоа е благодарение на него.Погледнете ја енергијата на Клоп, неговата страст, неговиот дух. Едвај чекам да си замине!“ – потенцираше поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.