Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и на селекцијата на Германија, Дитмар Хаман, го критикуваше најавеното враќање во германската репрезентација на 34-годишниот играч на Реал Мадрид, Тони Крос .
„Не треба да кажеме дека Крос е извонреден играч. Тој освоил најмногу титули, тој е веројатно најдобриот играч што некогаш сме го имале“ – вели Хаман.
„Не можете да одите на Европско или Светско првенство и да играте во средниот ред со тројца постари од 30 години. Грос (32 години), Гундоган (33 години) и Крос (34 години) имаат речиси 100 години заедно. Фудбалот стана спорт за младите“ – изјави Хаман.

